„Триглав осигурување“ работи со добивка во Македонија

Bez autora
Dec 11 2011

Осигурителната компанија „Триглав“ работи со добивка во Македонија што значи дека резултатите се задоволителни, изјави претседателот на Управата на „Заваровалница Триглав“, Матјаж Раковец, на прес-конференцијата што во саботата се одржа во просториите на компанијата во Љубљана. Пресметаните бруто-премии на осигурителната компанија „Вардар Осигурување“ пораснаа за 5 отсто во првите 6 месеци од годинава во однос на истиот период лани до сумата од 11,2 милиони евра. Премиите на „Вардар Осигурување“ во вкупната сума на осигурителните компании на групацијата изнесуваат 2,1 отсто. Најголем удел има словенечката осигурителна куќа „Заваровалница Триглав,“ која во вкупните премии на групацијата учествува со 74,7 отсто. Вкупната сума на собраните осигурителни премии во првите 6 месеци од годинава на ниво на групацијата изнесува 549,9 милиони евра.

„Триглав осигурување“ работи со добивка во МакедонијаОсигурителната компанија „Триглав“ работи со добивка во Македонија што значи дека резултатите се задоволителни, изјави претседателот на Управата на „Заваровалница Триглав“, Матјаж Раковец, на прес-конференцијата што во саботата се одржа во просториите на компанијата во Љубљана.

- Пресметаните бруто-премии на осигурителната компанија „Вардар Осигурување“ пораснаа за 5 отсто во првите 6 месеци од годинава во однос на истиот период лани до сумата од 11,2 милиони евра - рече Раковец.

Премиите на „Вардар Осигурување“ во вкупната сума на осигурителните компании на групацијата изнесуваат 2,1 отсто. Најголем удел има словенечката осигурителна куќа „Заваровалница Триглав,“ која во вкупните премии на групацијата учествува со 74,7 отсто. Вкупната сума на собраните осигурителни премии во првите 6 месеци од годинава на ниво на групацијата изнесува 549,9 милиони евра.

- Во првите три квартали остваривме профит од 35 милиони евра што е за една десетина повеќе од истиот период минатата година. Во првите 10 месеци од оваа година имавме 549 милиони евра или 3 отсто премии помалку од лани - рече Раковец.

Групацијата „Триглав“ очекува да го исполни планот со кој има намера да оствари нето-добивка од 54 милиони евра за целата 2011 година. „Вардар Осигурување“ има 97 вработени, додека целата групација „Триглав“ има вкупно 5.155 вработени во 21 компанија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik